Еден од моментално најбараните фолк изведувачи во Македонија, Ѓоко Јовиќ заедно со “Енерџи бенд” ја дочекаа православната Нова година во целосно распродадената сала на “Гранд Нерет рецепција”.
И овој пат се бараше карта повеќе за што подобро помината вечер во друштво на најблиските и најсаканите. Концертот што го приредија беше феноменален и буквално целата сала ја кренаа на нозе со непрекинатиот микс на песни, хитови добро познати на Балканот. Оние кои ја пропуштија забавата ќе имаат можност да бидат присутни на новиот концерт кој е дополнителен на оваа распродадена турнеја и по барање на големиот интерес на публиката во “Grand Neret Reception” во Мелбурн, на 21 јануари.
За повеќе информации и карти кај “Гранд Нерет” на 0439 341 141.



