Здравствените власти го истражуваат ширењето на епидемијата на сипаници во Перт и југозападните делови на Западна Австралија откога се регистирани нови 13 заболени лица со оваа многу заразна болест вклучувајќи и три бебиња.
Се стравува дека оваа епидемија, која ја започна турист од Нов Зеланд минатиот месец, посетувајќи ја областа Rockingham, се проширила. Вработените во службите за сузбивање заразни болести истражуваат кои се жариштата, каде се дијагностицирани сипаници што ги посетил во период кога бил заразен. Здравствената советничка д-р Clare Huppatrz изјави дека вкупниот број на заразени е 13, а вклучува и три деца помлади од 12 месеци и седум лица на возраст до 20 години. „Сите откриени случаи до сега беа во градската областа на Перт. Истражуваме сомнителни случаи надвор од Перт, вклучувајќи го и југоистокот” – рече таа. Еден од последните потврдени случаи е жена која на 23 септември во 14:20 часот патувала со авион од Окланд до Перт. Експерите за заразни болести ги предупредуваат и останатите граѓани кои се наоѓале на летот од Нов Зеланд НЗ 175 на 23 септември да бидат внимателни бидејќи им се заканува зараза од сипаници. „Кај деца помлади од 12 месеци ова е сериозна болест, истото важи и за трудници и имунокомпромитирани лица” – вели таа. И додава дека секое трето лице кои ќе се разболи од сипаници е хоспитализирано, а секое десето развива компликации како инфекции на градниот кош – а еден од илјада пациенти добива оток на мозокот кој може да биде смртоносен. Нов Зеланд го погоди голема епидемија – годинава се дијагностицирани вкупно 16.664 заразени лица. Две неродени деца починаа откога мајките им се разболеле од оваа болест. Владата на Нов Зеланд се најде на мета на критики затоа што не превземала чекори после предупредувањето од експертите како да се зголеми вакцинацијата и на тој начин да ги затвори празнините меѓу адолесцентите и возрасните. Годинава бројот на заразни случаи со сипаници е во пораст, 183 лица се дијагностицирани, што претставува зголемување во однос на само 103 лица потврдени во целата 2018 година. Професорот David Durrheim од Универзитетот Newcastle рече дека повеќето случаи на сипаници во Австралија се поради лица кои патуваат на прекуокеански дестинации во кои се шири инфекцијата и на враќање тие ја носат дома. Епидемијата во Нов Зеланд „е невидена до сега” и „има значително влијани врз здравствениот систем”. Забележани се епидемии и на Филипините, Тајланд, Виетнам и Индонезија. Австралици на возраст до 20 до 53 години кои патуваат во странство се советува да проверат дали се вакцинирани против сипаници и да примат дополнителна доза вакцина ако тоа е потребно. Владата на Западна Австралија годинава воведе бесплатна вакцина против сипаници за возрасни до 53 години.