„Ер Нов Зеланд“ е трендсетер со скајкауч

ЕРЛАЈН РЕЈТИНГС ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ АВИОКОМПАНИИ ЗА 2016

Ерлајн рејтингс ја прогласи „Ер Нов Зеланд” Авиокомпанија за 2016 година на листата Најдобри авиокомпании. 

Пофалена како „тренд­сетер во авиоиндустријата” компанијата доби високи оцени за иновации во авиотранспортот, безбедност во летањето и за еколошко работење.
„Ер Нов Зеланд” ја добива титулата трета година по ред, годинава собра награди во уште две категории, најдобра премиум економска класа и најдобра економска класа.
Ерлајн рејтингс ја пофали авиокомпанијата за новитетите како седиштето „премиум економи спејс сит” дизајнирано специјално за да не се одзема простор на патникот назад кога оној напред ќе го навали неговото седиште, како и за „скајкауч”, споени три седишта во економска класа со потпирач за нозете што овозможува флексибилен простор за мали семејства или двојки.
Пофалби доби и австралиската авиокомпанија „Квантас”.
Компанијата што беше една од првите што намести туш кабини во своите аеродромски клубови пред неколку децении, сега доби награди во категориите најдобар аеродромски клуб, најдобар кетеринг и најдобра услуга на домашни летови.
Ерлајн рејтингс се импресионирани од новите клубови на „Квантас” во Лос Анџелес и Хонгконг.
Австралискиот авиопревозник, исто така, доби пофалби за квалитетниот Интернет пристап, категорија во која потфрлија голем дел од другите авиокомпании.
Околу 90 отсто од патниците на „Квантас” летаат во економска класа и авиокомпанијата не заборава дека патот до срцето на клиентите е преку стомакот.
На летовите на „Квантас” има понуда од четири оброци и двојно е зголемена содржината на оброците.
Ако барате премиум услуга Ерлајн рејтингс велат дека најдобри се „Етихад ервејс” и „Сингапур ерлајнс”.
„Етихад” со седиште во Абу Даби беше прогласена за најдобра во категоријата прва класа, а „суптилната, елегантна, функционална и многу удобна” бизнис класа на „Сингапур” ја доби наградата најдобра бизнис класа.
„Сингапур ерлајнс” исто така ги доби признанијата во категориите најдобра забава на лет за системот од 1.000 услуги „он деманд”.
„Вирџин Австралија” и партнерската авиокомпанија „Вирџин Атлантик” ја добија наградата најдобар екипаж на лет втора година по ред.
Во категориите безбедност и вистинска вредност на цената во секторот нискотарифни авиокомпании Ерлајн рејтингс ги пофали „Вирџин Америка” (Северна и Јужна Америка), „Норвижн ерлајнс” (Европа), „Кулула” (Африка и Блиски Исток) и „Скут” (Азија и Пацифик).
Во категоријата најдобра услуга на долги летови победници беа „Делта ерлајнс” (Северна и Јужна Америка), „Луфтханза” (Европа), „Етихад” (Блиски Исток/Африка) и „Катај Пацифик ервејс” (Азија и Пацифик).

Најдобри авиокомпании според Ерлајн рејтингс за 2016 година се:

1. „Ер Нов Зеланд”
2. „Квантас”
3. „Етихад”
4. „Катај Пацифик”
5. „Сингапур ерлајнс”
6. „Емирати”
7. „ЕВА ер”
8. „Вирџин Атлантик/Вирџин Австралија”
9. „Ол Нипон ервејс”
10. „Луфтханза”

Останати вести