Случај “Еразмус”
Обвинителката тврди дека шесте професори од Економскиот факултет, демонстраторот и сопственикот на бифето на факултетот од „тајни агенти-студенти” за две години на име поткуп за да им пишат шестки, зеле 1.000 евра, а за 1.800 евра се претпоставува дека се земени. За двајца професори има сомневања дека од жртвите барале и сексуални услуги.
Јавното обвинителство излезе со прес-конференција на која зборуваше за акцијата “Еразмус” во која за поткуп и барање сексуални услуги од студенти осомничени се шестмина професори на скопскиот економски факултет, еден демонстратор и сопственикот на бифето на истиот факултет.
– На тројца професори, демонстраторот и бифеџијата судија на претходна постапка и определил мерка за претпазливост – одземање на пасош и редовно пријавување во Судот, соопшти јавната обвинителка Лидија Раичевиќ која ја води на преткривичната постапка во предметот „Еразмус”.
Во предметот, кој се обработувал во 2015 и 2016 година, се осомничени осум вработени на
– Од моментот кога обвинителот доби потврда од МВР дека сите докази се обезбедени одлучи да го замени предлогот за обезбедување мерка притвор во мерки за претпазливост. Овие мерки се благи и може делуваат како привилегија кон обвинитетите, но воопшто не значат тоа. Суштината на делата е многу тешка, се работи за посебни групи жртви, тоа се студенти кои во подолг период имале притисок и не можеле да ги полагаат испитите на регуларен начин. Со целокупниот професионален кредибилет ќе ја добие длабината на суштината што значи кривично дело корупција и злоупотреба на службената положба, рече Раичевиќ, додавајќи дека обвинителската одлука ќе ја објави по давањето на нивните одбрани во законита постапка.
За останатите тројца осомничени професори, меѓу кои е и претседателот на МАНУ Таки Фити, постапката не е итна и тие не се носени во полициска станица. По ден-два тие беа повикани на информативен разговор кај судија во претходна постапка но ним не им се определни мерки на претпазливост.
– Кај мојот клиент степенот на сомневање е толку мал што повеќе може да се каже дека станува збор за полициска конструкција, изјави адвокатот на Фити.
Обвинителката за организиран криминал Лидија Раичевиќ рече дека имињата на сите осомничени се звучни и познати се во јавноста, но дека нема да ги елаборира доказите кои се во постапка иако, како што рече, лично има голема желба да покаже што точно се случувало.
– Доказите за овој предмет се многу цврсти и многу ми е жал што законот не ми дава можност јавно да ви ги презентирам, истакна обвинителката.
Таа го именуваше само проф. Бобек Шуклев кај кого на паркингот на УКИМ биле најдени обележани 1.000 евра, во полициска акција само шест минути по кривичното дело за кое е осомничен.
Сомневања за корупција кај овие лица имало и во 2014, а Јавното обвинителство се вклучило во 2015 година кога била дадена наредба за примена на посебни истражни мерки.
– Се работеше за сериозно сомнение за коруптивни кривични дела. Дејствијата на нивното извршување никогаш не се јавни, тешко се откриваат, сторителите се кријат. Се работи за интелектуалци и луѓе во висок општествен ранг. Тој факт што се работи за кривични дела што тешко се откриваат му налагаат на јавниот обвинител да преземе се што му стои како механизам за да ги открие. Од тие причини беа спроведени посебни истражни мерки. Заедно со голем број други докази, тие ПИМ мерки резултираа до акцијата која се спроведе критичниот ден кога професорот Бобек Шуклев беше задржан на паркингот пред просторот на Универзитетот, рече Раичевиќ.
Со акцијата раководела самата таа. Кога дејствието на кривичното дело било довршено, издала наредба во рок од половина час да се организира акција за задржување на лицето и преземање мерки за обезбедување докази.
Таа негираше некои тврдења дека со акцијата на МВР на универзитетскиот кампус бил извршен упад во автономијата. Посочи на Законот за високо образование и одредбата за неповредливост на просторот што го поседува Универзитетот, но посочи дека таа вклучува и отстапка во случаи кога се прават кривични дела или каде некој се однесува противправно.
На новинарско прашање во врска со претседателот на МАНУ, обвинителката изјави.
– Пријавата е поднесена и за него, но за дејствијата и начинот на извршување на кривичните дела, степенот на противправност осцилира и кога ќе добијам исказ тогаш ќе може да зборуваме што се случило со него, рече Раичевиќ.
Во врска со претходното соопштение на ОЈО, во кое освен за поткуп со пари се наведуваат и сомневања за барање сексуални услуги, таа потврди дека има сомненија за двајца од осомничените.
– Инсистирам да се објави терминот сомненија од причина што имаме докази, но сферата која се штити овде е индивидуалната полова слобода и определеност и токму затоа барам поголемо внимание. Додека не се докаже во судска постапка да не биде експлоатирана до крајни граници, рече обвинителката Раичевиќ.
Селективен „Еразмус” или вистинска борба против корупцијата?!
Народно движење за Македонија ја поздравува полициската акција „Еразмус” против корупцијата во системот на високото образование, а во која беа осомничени универзитетски професори за примање поткуп.
Меѓутоа, за НДМ останува дилемата дали се работи за селективен „Еразмус” или вистинска борба против корупцијата, велат од партијата.
Имено, поминаа 6 дена од прес конференцијата на НДМ на која повикавме на расчистување со таинствениот фонд, од кој одделни професори на Економскиот факултет добиваат месечни примања од $ 6,000, а деканот $ 6,500.
Од надлежните институции целосен молк!
Не е познато од кој фонд и зошто им се исплаќаат овие високи суми само на професори на Економскиот факултет во Скопје.
За споредба, на останатите државните факултети во земјата, месечните примања на универзитетските професори во зависност од звањето (доцент, вонреден и редовен професор) се движат од $ 875 до $ 1,300.
Значи, професори и деканот на Економскиот факултет во Скопје имаат пет пати повисоки месечни примања од останатите универзитетски професори во земјата.
Сите државни факултети добиваат буџетски средства.
Јасно е, владеењето на правото, правната држава и законот мора да важат за сите универзитетски професори поддеднакво.
Оттука се наметнува прашањето, која е причината професорите на Економскиот факултет во Скопје да бидат екстремно привилегирани во однос на останатите универзитетски професори во земјата.
Дали ова луксузирање на професорите и деканот од Економскиот факултет е резултат на нивни експертски мислења по нарачка, велат од НДП.
