Кремљ соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Париз на 30 ноември.
„Предлогот од турска страна e за состанок на ниво на шефови на државите. Тоа е се што можам да кажам”, изјавил портпаролот на Кремљ за новинарите.
Путин и Ердоган, како што е најавено, ќе присуствуваат на глобалниот самит за климатските промени кој ќе започне во Париз на 30 ноември.