Етиопија ќе го прифати мировниот договор со Еритреја

Етиопија објави дека целосно ќе ги прифати условите на мировниот договор со соседна Еритреја, што претставува огромен чекор кон смирување на тензиите со својот децениски ривал.

Оваа информација беше соопштена минатиот вторникот кога владејачката партија објави дека источноафриканската нација ќе отвори дел од претпријатијата во државна сопственост во секторите како што се енергетика, воздухопловство и телекомуникации со цел да овозможи приватни инвестиции.
Веста беше објавена неколку часа откако Етиопија ја укина вонредната состојба, што претсатвува најдраматичната реформа откако земјата го избра новиот премиер Абих Ахмед, кој вети значителни промени по повеќе од две години антивладини протести во кои се бараа поголеми слободи.
Но, изгледите за мир со изолираната Еритреја претставуваат најголемо изненадување. Договорот што беше потпишан во 2000 година ја заврши двегодишната војна.

Останати вести