Берлин – Не е тајна дека некои земји членки на Европската Унија се скептични во однос на продолжување на санкциите против Русија поради украинската криза и неизвесно е дали Унијата ќе одлучи санкциите да бидат обновени, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
„Санкциите се тука за да обезбедат политичко решение. Не знам што ќе одлучи Европскиот совет за санкциите против Русија”, рече Штајнмаер.
Шефот на германската дипломатија, исто така, изрази надеж дека минатонеделното ослободување на украинскиот пилот Надја Савченко од руски затвор ќе воведе нова динамика во преговорите меѓу Русија и Украина.
Санкциите во областа на енергетиката, финансиите и одбраната, кои се воведени кон Русија поради нејзината улога во судирите во Украина, истекуваат во јули.
(МИА)