ЕУ со ултиматум до Грција

Европската унија и постави ултиматум на Грција. Во рок од три месеци Атина треба да ги надмине “сериозните недостатоци” во менаџирањето на бегалската криза на морската граница со Турција. Оваа ситуација ја доведува во опасност Шенген зоната. 

Советот на ЕУ го усвои овој предлог на Европската комисија (ЕК). Во Советот против предлогот гласаше Грција а Кипар се воздржа.
Доколку препораките на ЕК не се применат, ова тело ќе предложи, за три месеци, воведување на контроли во Шенген зоната а тоа е преседан во историјата на ЕУ.
Со оваа одлука се отвора пат за примена на членот 26 од законот за Шенген кој и дава право на ЕК да воведе контроли на границите во период од шест месеци кои можат да се обвноват а најмногу за две години.
Во својот извештај ЕК признава дека Грција е соочена со досега невиден притисок на своите граници со речиси милион бегалци во текот на 2015 година, јавува агенцијата АФП која имала пристап до извештајот.
Но Комисијата сепак смета дека некои недостатоци мораат да се решат. Комисијата набројува 50 точки кои мораат да се подобрат на граничните премини на ос­тровите и на континентот.

Останати вести