Дрвото на еукалиптусот открива каде се наоѓа златото

Австралиските истражувачи тврдат дека пронашле крајно необичен показател на присуство на злато на поголеми длабочини, а тоа се ситните траги на листовите на еукалиптусот чии корени достигнуваат длабоко во утробата на земјата.

Ова откритие може да им помогне на истражувачите во време кога наоѓалиштата на злато се преполовени, а цената на овој драгоцен метал скокна многу високо, се истакнува во студијата објавена во магазинот „Нејчр комуникејшнс”.
– Врската меѓу растот на вегетацијата и златните депозити би можела да помогне во развојот на новите техники на екплоатација на минералот – наведуваат научниците.

Во потрага по вода, стеблата на еукалиптусот кои растат во сушни предели може да ги пружат своите корени многу длабоко во земјата, да продрат дури до слоевите богати со златни наслаги каде црпејќи вода апсорбираат микроскопски честички метал.
Тим на австралиски научници тврди дека билката може преку коренот да апсорбира злато кое потоа патува низ стеблото па се до листот. Според податоците на светскиот совет за злато од почетокот на цивилизацијата од земјата е извадено повеќе од 174.000 тони злато. Во 2011 година американскиот геолошки завод проценил резерви на злато во светот околу 51.000 тони.
Цената на овој метал од 2000 година до март годинава скокнала за 482 проценти. Шеесет отсто од златото било претворено во накит, а овој скапоцент метал е важна компонента во електронската индустрија и медицинската технологија, особено во лечењето на ракот.

Останати вести