ЕK сака земјите што не примаат бегалци да плаќаат по $382,000 од лице

Европските земји што ќе одбијат да го поделат товарот од бегалската криза, ќе мора да платат околу 250.000 евра по бегалец, објавија „Фајненшел тајмс” и „Политико”.

Медиумите наведуваа дека тоа е предвидено со новиот предлог на Европската комисија. Станува збор за казнена клаузула, што е еден од најспорните делови на предложените измени на Даблинските прописи, наведуваат неименувани европски службеници.
Изворите наведуваат и дека постои можност за оваа мерка да се расправа во текот на овие денови и таа клаузула да биде измента. „Политико” укажува дека европските земји, кои ќе одбијат да соработуваат, ќе мора скапо да платат за тоа. Ројтерс, исто така, објави дека ЕK ќе предложи реформа на правилата за азил, во време кога меѓу владите на земјите на ЕУ има разединувања за пристапот кон мигрантската криза. ЕK минатиот месец ја навести можноста да го укине правилото од таканаречениот даблински систем, според кое за азилантите е одговорна пр­вата земја од ЕУ во која ќе влезат, што беше голем товар за Грција и Италија.
Сепак, Ројтерс додава дека во предлогот на Kомисијата се задржува принципот на прва земја, но дека ќе биде вклучен и централен план на распоредување на барателите на азил во Европа, за да може азилантите да бидат преселени ако има преголем прилив. Неименуван извор истакнува и дека ЕK планира и механизам на финансиски санкции за земјите кои ќе одбијат да прифатат азиланти.
– Тоа треба да биде повеќе од симболика, но и да се сфати како цена која не може да се плати. Ако некоја членка не покаже солидарност и не ги прифати бегалците, тоа мора да го надополни со финансиска солидарност – вели изворот.
Минатата година ЕK сугерираше дека на земјите би можело да им се даде можност наместо да прифаќаат азиланти, да платат 0,002 отсто од националниот доход за помош на мигрантите. Сепак, европските лидери го одбија тоа.
Европската комисија предложи вонредните гранични контроли воведени од Германија, Австрија, Шведска, Данска и Норвешка, да бидат продолжени за рок од шест месеци.

Останати вести