Mакедонија се подготвува за Eвросонг

Минатата недела во Лисабон, Португалија, беше направен редоследот по кој земјите ќе настапуваат во двете полуфиналиња на Евровизија.

Нашите претставници „Ај кју” ќе настапат единаесетти во првото полуфинале на 8 мај. „Ај кју” ќе ја пее песната Lost and found чиј автор е лидерот на групата Бојан Трајковски, а продуцент е Дарко Димитров. На сцената во Лисабон бендот ќе настапи со Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска, кои ќе бидат придружни вокали, а на кореографијата работи Јана Андрејевиќ – Лазарева.

На почетокот на годинава со жребање Македонија беше извлечена последна во првото полуфинале, што значеше дека ќе настапува во вториот дел од првата полуфинална вечер. Редоследот на настапите во полуфиналните вечери е направен, а редоследот за големото финале, кое ќе се одржи на 12 мај, ќе биде одреден по втората полуфинална вечер.

Од двете полуфинални вечери ќе се одберат по 10 држави за финале, а ним ќе им се приклучи и петорката држави, кои секогаш настапуваат само во финале, заедно со земјата домакин.

Прва полуфинална вечер, 8 мај ќе настапат: 1. Азербејџан 2. Исланд 3. Албанија 4. Белгија 5. Чешка 6. Литванија 7. Израел 8. Белорусија 9. Естонија 10. Бугарија 11. Македонија 12. Хрватска 13. Австрија 14. Грција 15. Финска 16. Ерменија 17. Швајцарија 18. Ирска 19. Кипар.

Втора полуфинална вечер, 10 мај: 1. Норвешка 2. Романија 3. Србија 4. Сан Марино 5. Данска 6. Русија 7. Молдавија 8. Холандија 9. Австралија 10. Грузија 11. Полска 12. Малта 13. Унгарија 14. Летонија 15. Шведска 16. Црна Гора 17. Словенија 18. Украина.

Во првата полуфинална вечер, кога настапува и Македонија ќе настапат и уште четири балкански држави, на кои Македонија се надева на гласови, со исклучок на Грција, која настапува истата вечер, но никогаш не ни дала поен. Македонија годинава по 18. пат настапува на Евросонг. Никогаш не победила, осум пати влегла во финале, а последните неколку години воопшто не се ни пласира во финале.

Интересен податок годинава е што на македонските претставници како да им е предодредено да настапуваат 11-ти. Елена Ристеска во 2006, Влатко Илиевски во 2011 и Тијана Дапчевиќ во 2014 година, „Ај кју” на 8 мај ќе настапат под реден број 11.

 

Останати вести