Официјалниот коментар на МТВ: Не успеавме да влеземе во финалето, но ги освоивме симпатиите

По Евросонг 2016
На годинашниот “Евросонг” Македонија настапи во втората полуфинална вечер и не успеа да се пласира во финалето. Македонската евровизиска делегација се огласи со официјална изјава.

Од тимот на МРТ жалат што земјата повторно не ја гледаме во финалето, но во исто време се гордеат на настапот на Kалиопи и на нашите уметници на сцената кои покажале врвен професионализам.
– Треба да се биде голем и достоинствен во победите, но уште повеќе во неуспесите. Нема да речеме во поразите зашто на евровизискиот избор не постојат поразени. Голем број од песните што отпаднале и никогаш не се закитиле со награди публиката ги наградила со вечност. А додека песните се слушаат и живеат во колективната меморија, оправдан е секој труд – велат од националниот сервис.
Од МРТ нагласуваат дека Kалиопи со изведбата на „Дона”, која годинава беше една од ретките песни во целост отпеани на националниот јазик на земјата-учесник, масовно ги освоила симпатиите на публиката.
И голем број на светски медиуми пишуваа за македонската претставничка на Евровизија, Калиопи Букле. Но, уште кога беше пуштена во етерот во фокусот кај светските медиуми и Твитер заедницата беше дебатата што значи наслвоот на песната – „Дона”: дали Калиопи била гладна на сцената, па пеела за “donat” (крофна) или за „донер”-ќебап.
Да потсетиме, Калиопи беше македонски претставник на “Евросонг” и во 2012 година со песната “Црно и бело”. Ниту тогаш не успеа да влезе во финалето, но песната остана хит.

Останати вести