Деновиве на официјалната страница на Евровизиската мрежа EBU се објави листата со земјите учеснички на Евровизија (Евросонг), што треба да се случи во Лисабон (Португалија) на 8, 10 и 12 мај 2018 година.
Македонија овојпат ја нема помеѓу натпреварувачите. Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Хрватска и многу други, се повторно на листата, составена од вкупно од 42 учесници. Во забелешка стои дека промена од списокот на учесници во 2017 следната година е тоа што Русија се враќа а Македонија отпаѓа.
Засега нема информација дали неучеството на Македонската радио-телевизија (МРТВ) е поради тоа што така сакало Скопје или пак Македонија е исфрлена поради познатиот долг кон Евровизиската мрежа.
Според објавеното, листата на учесници била затворена во средината на септември годинава, а објавена е на 7 ноември.
“Изданието во 2018 година ќе биде посебно за Шведска, која ќе слави 60 годишнина откако за прв пат се појави на сцената во 1958 година. Русија исто така се враќа на сцена по една година отсуство. Се радуваме на средбата со четириесет и двајцата натпреварувачи во Лисабон наредниот мај” – се вели во соопштението на организаторите, под кое следи листата со земјите учеснички.
Победата на Португалија, каде ќе се одржува следното издание на Евровизија, и ја донесе младиот Салвадор Собрал, и тоа беше прва победа за оваа земја по 53 години учество на музичкиот настан.