Најголемиот извозник на плин во југо-источна Австралија, американската корпорација ExxonMobil Corp, ја разгледува можноста за увоз на LNG плинот во Австралија, за да и помогнат да го преброди веројатниот дефицит на плин до 2021 година, но и да го заштити својот удел на плинскиот пазар.
AGL Energy, втор по големина продавач на енергенти во Австралија, планира да почне увоз на плин. Тој со јапонската компанија JERA со увоз ќе почне од 2020 година. ExxonMobil исто така ќе ги активира работите во истражување на потенцијални наоѓалишта на брегот на Викторија, а се разгледува и можноста за почнување производство на наоѓалишта во West Barracout, покрај оние постоечките. Американската компанија одби да ја кометира проценката на аналитичарите од Macquarie University од Сиднеј, според кои таа би можела да изгради инфраструктурни објекти за увоз на плин во износ од A$100 милиони ($74 милиони).
Да потсетиме: голем број аналитичари прогнонзираат дека Австралија на крај на оваа или во текот на следната година ќе го престигне Катар – светскиот лидер во извоз на плин. Но, локалните австралиски добавувачи се под закана поради намаленото производство, како и долгорочните извозни договори со кои продале повеќе плин од колку што може да се произведе. Така во март австралискиот оператор за енергетски пазар, предупреди дека Викторија, која е најголем потрошувач на плин во земјата, може да се соочи со дефицит на плин од средина на 2021 година, поради забрзаниот пад на испораките од наоѓалиштето Gippsland Basin Joint Venture, кој е во надлежност на ExxonMobil и австралискиот BHP Billiton. Се очекува дека количината на добиениот плин од базенот Gippsland од брегот на Викторија, кој беше нејзин главен извор на плин во последните 50 години, до 2022 година да се намали дури за два пати во однос на нивото од 2018 година.