Две лица се убиени во престрелката што во петокот се случи во Парамата сателитскиот град на Сиднеј, пред седиштето на полицијата на Charles Street.
Во соопштението на полицијата се вели дека била извршена размена на оган со вооружено лице, како и дека полицијата почнала да пука, откако полицаецот Куртис Ченг (58) бил убиен од фундаменталист облечен во црна типично муслиманска облека.
Инцидентот се случил во 16,30 часот по локално време, меѓутоа не е јасен мотивот за целиот инцидент.
Австралиската телевизиска компанија Еј-Би-Си, повикувајќи се на јавувања на луѓе кои биле сведоци на инцидентот, јави дека пукотницата пред седиштето на полицијата почнало наеднаш и дека траела кусо, откако бил разменет оган „од двете страни„.
Убиецот е Фархад Калил Момахад Џабар, кој бил 15 години стар, кој ладнокрвно го застрелал полицаецот во цивилна облека кој си одел од работа дома. Фархад со ирачко–курдско потекло е роден во Иран, бил познат на полицијата, и бил под надзор заради неговите екстремистички погледи и барање воведување муслимански закон (шериа закон). После убиството Фархад останал на улицата и започнала престрелката кога излегле полицајците и чуварите од зградата која е главен штаб на полицијата на НЈВ. Детективите дента ја посетија џамијата во Парамата како дел од истрагата, која е наведена како негова последна дестинација пред да ја нападне полициската станица.
Шефот на полицијата Скипоне изјави дека нападот од тинејџерот е политички мотивиран и е поврзан со тероризмот. Ова е втор оружен терористички напад во Сиднеј во изминативе 12 месеци, кој заврши со убиство. Се сеќаваме дека минатата година таму имаше и насилни демонстрации на муслиманите, слични беа најавени во Мелбурн, но во Викторија не се случија бидејќи тогаш повеќе луѓе дојдоа да ги истепаат фундаменталистите отколку што тие можеа да соберат подршка.
Секој што има информации поврзани со нападот од полицијата се замолува да се јави на Crime Stoppers на 1300 333 000.




