Околу $ 108 милиона ќе биде буџетот на Град Скопје за 2016 година. Од нив најмногу пари ќе се трошат за изградба и за проширување на улици, за нови кружни текови, како и за проектите од „Скопје 2014″.
Во 2016 година од градскиот буџет е предвидено да се одвојат $ 7.2 милиона за „барокни” фасади, а $ 750 илјади ќе се одвојат за одржување на фонтаните и споменичните обележја во центарот на Скопје. Исто толкава сума ќе се употреби за изградба на патеки и улици околу плоштадот „ВМРО”, каде што е сместено седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, обвиниваат советниците од СДСМ, а за проектите за велосипедските и пешачките патеки во градот догодина ќе се одвојат помалку од $ 40 илјади.
Од друга страна, нацрт-буџетот предвидува само $ 920 илјади за решавање на проблемот со загадувањето, што се незначителни средства во споредба со парите наменети за нови фасади и фонтани.