Квалификациите во саботата за Големата награда на Австралија означија воедно и официјален почеток на експерименталниот нов систем од квалификациите.
Гласните критики пред почетокот на сезоната добија потврда на патеката во Мелбурн, а речиси сите, од навивачите до возачите, едногласни се во оценката дека „нокаут” системот е целосно фијаско.
„Не гледам како исходот од квалификациите може да биде изненадување за било кого. Рековме дека ќе биде вака, дека нема да биде поинтересно од претходнотo. Напротив, сега е подосадно. Прашајте ги луѓето на трибините како се чувствуваа кога на крајот од квалификациите на патеката речиси да немаа кого да гледаат. Изостанаа возбудувањата во последниот круг, кога повеќе возачи се борат за највисок пласман. Ни рекоа да сочекаме, да видиме како ќе се одвиваат работите, но денеска е јасно дека тоа беше погрешен потег, нешто на што предупредувавме”, изјави Фетел.
Германецот го завзеде третото место, зад тандемот на Мерцедесе Луис Хамилтон – Нико Розберг.
На Големата награда на Австралија триумфираше возачот на Мерцедес Нико Розберг.