Куп на македонија
Најблиску до следното коло се Вардар, Работнички, Шкендија, Брегалница, Силекс, Младост…
Вардар без поголеми проблеми го совлада Пелистер во првиот меч од осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, во четвртокот, со 4-1, во Скопје. И другите фаворити, како Шкендија, Работнички, Младост, Турново… забележаа победи со кои се многу блиску до пласман меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување во Македонија.
Пред мал број на гледачи вардарци во вечното дерби ја покажаа својата надмоќ веќе во првото полувреме. Артак ДаШјан го отвори резултатот, Дарко Велковски зголеми на 2-0, а Хованес Хамбарџумјан пред самото заминување на одмор донесе и убедливи 3-0. Во вториот дел Пелистер успеа да постигне почесен погодок преку Александар Недановски и да намали на 3-1, но Бобан ГрнЧаров до крајот постигна уште еден погодок за Вардар, заокружувајќи го убедливиот триумф од 4-1.
И во оваа рунда продолжи ефикасната игра, па на осумте меча беа постигнати 31 гол, што е одличен просек од 3,8 гола по натпревар.
Реваншите се закажани за 22 октомври.