Фазли Луик сними нова песна

Фолк пејачот Фазли Луик кој живее и работи во Мелбурн, сними нова песна која е насловена како „Не можам да си простам”.

Зад песната како автори се запишани Оливер Глигоров, кој ја направи музиката, Нарциса Тунтева, која беше задолжена за текстот и Роб Реџеповски за аранжманот.
– Оваа песна сега за сега е без видео запис. Но, тоа не значи дека ќе нема. Во Австралија секако дека нема да го снимам, но летово кога ќе дојдеме на годишен одмор во мојот роден и сакан Охрид секако дека ќе направиме. Во план сум да снимам уште 4-5 песни а најпрво од нив ќе биде една патриотска, вели Фазли.

Останати вести