Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, и легендата Ефто Пупиноски оваа седмица пристигнуваат за турнеја во Австралија. Турнејата опфаќа настапи во пет градови во Мелбурн, Бризбен, Сиднеј, Волонгог и Канбера.
Првиот концерт од турнејата Ферус ќе го одржи во Спрингваел, и тоа на 27 мај, а следниот ден ќе настапи во Бризбен.
На трети јуни е вториот концерт во Мелбурн, а следниот ден, на четврти, е во Сиднеј. На 10 јуни е концертот во Волонгог, додека на 11 јуни е во Канбера. Турнејата на Ферус ќе продолжи уште со два концерта, и тоа на 17 јуни повторно во Сиднеј и на 18 јуни повторно во Мелбурн.
„Четири од концертите се веќе распродадени, додека останатите веќе се полнат. Ова не им е прв настап на кралот на ромската песна во Австралија и на легендата Ефто Пупиноски, ама интересот е голем како да е прв пат. На Ферус и на Ефто ќе им се придружи Кристијан Божиков-Кико со преубавиот глас, додека поддршка од Австралија ќе им биде Петра Велковски од Сиднеј”, вели Влатко Јовески од „Република ентертејмент”, која е организатор на турнејата.
(В.М.)