Фестивал на љубителите на книгата

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival.

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои беше поканета и Гордана Димовска, претседателката на литературното друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн. Присутни беа и членовите на оваа асоцијација, Христијана Марковска, Љупчо Столески, Стеван и Зора Ацески, а изложбата ја посетија и Никола Ставрески (од вебпорталот Фаланга), Нургул Озсој и други посетители од разни националности.
Книгата Патник по ѕвезденото небо која е збир од раскази, песни, научно историски записи и легенди, Гордана ја претстави пред публиката со свој говор и читање на поемата Memories and tears на англиски јазик.
Настанот беше одлична прилика за авторите да воспостават контакти, да посетат и работилници организирани во текот на денот. Посетителите навистина уживаа во големиот избор на изложени дела а авторите беа задоволни од професионалната организација на библиотеката во Mill Park. Македонската Заедница треба да биде поактивна со присуство и поддршка на нашите автори кои ја користат секоја прилика да ја афирмираат македнската литература на двата јазици во Австралија.

Останати вести