Македонско Австралиската Организација на Заедницата (МАCO), го организира традиционалниот годишен Македонски фестивал на храната, во недела, на 27 октомври од 10.00 наутро – 6.00 навечер.
Како и во минатите неколку години така и оваа Македонски Фестивал на храната ќе се одржи во Footscray Park на 40 Maribyrnong Blvd, во Footscray. Промовирајки ја македонската култура, музика, песна и се подразбира македонската храна и традиција во Австралија. Во зиминативе години овој фестивал стана денот кога најмногу македонци се собираат за на најубав начин да уживаме во се што е македонско.
На фестивалот свое учество веќе најавија нашите еминентни играорни друштва од Мелбурн: Јане Сандански, Тоше, Светлост, Гоце Делчев и Бисер од Џилонг. Од другите градови ни доаѓаат КУД Стив Наумов, МКУД Илинден Вестерн Сиднеј и “Душа Балкана”.
Тука ќе биде и Никола Зачески (оперски пеач), кој ќе настапи во живо пеејки ја химната на Македонија и потоа со Каролајн Џесика Чонг ќе ја отпеат “Македонско девојче” во живо.
Ќе има и многу други изненадувања дента. Ова е настан што не смее да се пропушти. Земете си кебе за пикник и дојдете рано за заземете место да уживате, а ќе има и столици за постарите да можат да бидат конфорни.
Штандовите ќе продаваа, буреци, мекици, кифлички, разновидни колачи, чоколадни крофни, ќебапи и мноугу други специјалоитети на кои никој не останува рамнодушен.
Организаторите најавуваат дека во 13 часот ќе се обидат да го направат најголемото Македонско оро, заедно со сите македонски групи и посетителите. Охрабрувајки ги сите да земат учество и да ги покажат боите на нашата нација, облечени во традиционални носии со развеани знамиња со ѕвездата од Кутлеш. Да биде пркос на сите оние што не негираат и мислат дека не нема, на најубав начин да им покажеме дека сме тука!
Освен презентација на голем број македонски традиционални јадења, ќе имa активности за деца, штандови каде ќе се промовира македонската народна носија, литература, култура и историја. Како и секоја година фестивалот нуди богата програма во која ќе земат учество повеќе културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј, пејачи, млади таленти, поети.
Влезот на паркот е од Footscray Rowing Club, има изобилство на места за паркирање. За оние што доаѓаат со јавниот сообраќај местото на настанот е на само 10 минути одење од Footscray Station.
Македонскиот фестивал на храната успева да ги собире и обедини луѓето од сите возрасти и нашата заедница во Викторија е горда што можеме да уживаме во овој настан.

.jpg)
