Се одржа МАКЕДОНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА 2017

По шести пат се одржа Македонскиот Фестивал за храна во организација на МАСО (Македонско – Австралиската организација на Заедницата).

Посетителите имаа можност да уживаат во убавата храна, добрата Македонска музика од ѕвездите од Македонија заедно со локалните уметници и традиционалните ора и песни во изведба на културно уметничките друштва од Викторија, НЈВ и Јужна Австралија.
Македонскиот фестивал на храната 2017 на новата локација во Фуцкрај со богата културно уметничка програма се претстави пред јавноста на променливото време во Мелбурн. Отворањето како изненадување беше со абориџински благослов, а од таму натака се беше во знакот на Македонскиот мелос и танцување. Популарниот фолк пејач кој пристигна директно од Македонија за отворањето, Дамјан Стојано ски, започна со пригодна нумера, следеше групата “Соната”, локалната пеачка Вера Трајковска, КУД “Бисер” од Џилонг, КУД “Тоше Проески”, КУД “Вардар” од Бенкстаун, учениците од македонската програма на Кило Даунс: Денис Најдовски, Тијана Стефановска, Клаудија и Татијана Гроздановски, Габриела Стојковски и Филип Мирчески. Во попладневниот дел настапија КУД “Јане Сандански”, Џесика Почев и гостите од Македонија Орце Стевковски и убавата Сузи Анџелковиќ со групата “Оскар” од Битола, АММД “Никола Карев”, КУД “Слобода” од Аделаид. За крај на програмата уследи традиционално големата веселба и најголемото оро со музика и песни. Финансиските средства кои ќе се собираат на овој настан се користат за хуманитарни цели и за Македонските друштва кои земаат учество на фестивалот.

Останати вести