Во 2015 година овој настан се одржа во 20 земји низ светот, со повеќе од 2000 учесници од 145 различни земји. Во 2015 година овој спекткуларен настен за прв пат се одржа во Австралија и тоа во Мелбурн.
Организaтори на настанот во 2015 година беа Сириус колеџот со подршка на Австралиско Интеркултурно Друштво.
Во 2016 година Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата-МФЈК се одржа во Сиднеј во прекрасниот објект на Сиднеј Опера Хаус, а настанот го организираше сестринскиот Амити колеџ и Афинити Интеркултурална Фондација од Сиднеј. Светски познатата Сиднеј Опера Хаус беше вистинско место за одржување на еден меѓународен културен настан.
Сириус Колеџот и Австралиско Интеркултурно Друштво имат особена чест да го организират МФЈК 2017. Фестивалот ќе се одржи во Мелбурн во Недела на 14 Мај со почеток во 16 часот во Melbourne Convention and Exhibition Centre.
Целта на овој фестивал е да се даде важност на културната и јазична разноликост и рамноправност. Во исто време овој фестивал им овозможува на учесниците кои се дојдени од разлнични делови на светот да го покажат богаството на нивниот јазик и култура. Сириус колеџот и Австралиското Интеркултуно Друштво се силни подржувачи на пријателството и дијалогот помеѓу младите Австралијанци без оглед на нивната верска или етничка припадност. Исто така организаторите на настанот се силни приврзаници во напорот за постигнување на мир, пријателство и рабирање. Сириус колеџот и Австралиското Интеркултурно Друштво со организирање на Меѓународниот Фестивал ќе допринесат за подршка наинклузивноста, меѓусебното разбирање и почитување како темелни вредности на Австралиското општество.
Различноста на Австралиското опшетсво е вистинско богатство. Фестивалот ќе презентира културни и музички богаства на различни народи, а на учесниците на овој фестивал, а тоа се ученици од различни делови од светот, ќе им се овозможи да бидат активни членови на една глобална комуникација.
Меѓународниот фестивал преставува можност за изградба на нови, цврсти и долготрајни пријателства. Меѓусебното почитување, разбирање и добрата воља се камен темелници како на Австралиско општество така и на светот и ја преставуват основата за изградба на една посветла иднина.
Иако сите не зборуваме ист јазик, но уметноста, музиката и играта претставуват еден универзален јазик. Јазикот претставува инструмент за меѓусебна комуникација и разбирање. Изградба на цврсти врски и пријателства низ дијалог е императив за постигнување на траен и универзален мир. Учеството во зеднички дијалог ни овозможува да ги разбираме и почитуваме ставовите на другите луѓе.
По повод Меѓународниот Фестивал на Јазкот и Културата оранизторите Сириус Колеџот и Австралиското Интеркултурно Друштво со особена чест ги канат ценетите читателите кои се особено добродејени на овој настан од меѓународен карактер. Картите за Фестивалот се бесплатни и истите може да се резервират на следниот линк
https://iflc.eventbride.com.au или на следната веб адреса www.intflc.org.au
А. У.