Македонскиот фестивал на културата во Вилијамстаун

На прекрасно сончево време се одржа шестиот по ред Македонски културен фестивал во Вилиамстаун, што започна со звуците на македонските традиционални инструменти. Ова беше уште една прилика да се отслика македонската култура, и да се презентира пред пошироката јавност.

На почетокот беше одржана молитва од свештеникот Љупчо Каревски кој направи благослов за фестивалот. Настапија македонските играорни групи од Мелбурн: Македонското младинско друштво „Никола Карев”, Културно-уметничкото друштво “Светлост”, Културно-уметничкото друштво „Александар Трети”, Културно-уметничкото друштво “Танец”, Македонското културно-уметничко друштво “Илинден”, Македонскотото играорно друштво „Света Петка”, Македонското друштво „Разиграни Македонки”, како и специјални гости од Нов Зеланд – Македонската играорна група “Македонија”.
Специјално од Македонија дојде еден од најпопуларните пејачи Марјан Коцев, тука беше и нашиот млад музичар и гајдаџија Џулиус Мечкаровски, локалниот пејач Иван Радевски, групата “Рум Дум Дум”, групата “Експес Бенд” и многу други македонски уметници. На штандови се продаваше автентични јадења и производи, а имаше и организирано занимација за помладите, како мини Луна Парк и животни.
Имаше за секого по нешто, од гурманските до најпребирливите специјалитети од Македонската кујна, фантастичен ден во кој сите уживаа во богатата програма.
Годинава организаторите на фестивалот заедно со “Старлинк Травел” од Сент Албанс дадоа на лотарија две повратни авионски карти од Мелбурн до Скопје, што ги доби Софи Соклевска.
За крајот на фестивалот со големо македонско оро присутните се придружија на големата веселба.

 

Останати вести