Како и секоја година така и оваа Фестивалот во Вилијамстаун ќе се одржи во последната недела од ноември, точно пред да започнат Светите пости т.е. во недела, на 25ти овој месец со почеток од 10 часот насабајле па се до 5 часот попладне.
На Фестивалот ќе има разновидна македонска храна, претежно специјалитети на скара, бурек, слатки, тулумби, кафе, питулици и ред други видови на храна.
За децата од помала возраст ќе има фарма со животни, рингишпили и други детски активности како и голф за мали и за возрасни.
Ќе има Македонски солисти, музички групи, и познати лица од страна на Владата на Австралија како и претставници од Македонската заедница те., Македонската добротворна организација (Macedonian Community Welfare Association) и Македонскиот совет за Викторија.
На бината преку дента ќе се појават повеке од 150 Македонски играорци, музичари и пејачи со што ќе стане еден од најголемите Македонски спектакли во Австралија.
Учество ќе земат следните македонски фолклорни групи од Мелбурн:
– Културно Уметничко Друштво „Александар 3ти”
– Културно Уметничко Друштво „Танец”
– Македонско Младинско Друштво „Никола Карев”
– Македонско Културно Уметничко Друштво „Илинден”
– Македонско Играорно Друштво „Света Петка”
– Македонско Друштво „Разиграни Македонки”
На Фестивалот ќе бидат присутни и ФК Алтона Маџик Вардар, Викториското училиште за јазици (Victorian School of Languages), Македонскате студентски организации од универзитетот „РМИТ” и од университетот „Мелбурн” како и Македонскиот манастир Св. Прохор Пчински –Донибрук.
Ќе има голема и богата изложба/музеј на стари Македонски работи. Главен спонзор на Фестивалот е Македонската добротворна организација (Macedonian Community Welfare Association).
Македонската добротворна организација веќе неуморно работи 35 години во нашата заедница и има помогнато илјадници наши Македонци. Повелете и запознајте се со оваа организација.
Водители на фестивалот ќе бидат познатата Македонска пејачка Ивана Кормусоска и Македонската „Легенда” Стево Мачкар. Исто меѓу другите ќе настапат:
– младата Македонска пејачка Џесика Џенелс
– нашиот млад музичар и гајдаџија Џулиус Гајда Австралија
– Иван Радевски
– Стела Бенд
– Сенатор Бенд
– познатата пејачка Су Ан
– пејачка од Нов Зеаланд Марија Јанев
– и многу други Македонски уметници
Сите се поканети на оваа наша заедничка и голема Македонска веселба. Ќе ечи Македонската музика низ цел Вилијамстаун и каде што на крајот на денот ќе завршиме со ора, најголеми и највесели Македонски ора – сите стари и млади ќе се фатиме рака за рака за да се знае дека ние Македонците сме како тревата „пиреј” … таа трева што никогаш не гине – колку да ја корниш, колку да ја копаш, само малце корен да фати пак ќе изникне …. така и Македонската нација никогаш нема да загине.
Од управата на
Македонскиот Фестивал
Вилијамстаун







