Втора државна лига на Викторија северо–запад, 15 коло
Натпреварот заврши без голови и со поделба на бодовите. За Џилонг Македонија ова е втор нерешен натпревар оваа сезона и има завидни 38 бодови од 15 одиграни средби. Убедливо е прв на табелата со шест бодови разлика од второпласираниот Есендон Ројалс.
Во сабота, на 23 јули, Џилонг Македонија гостува на теренот на Санбури Јунајтед со почеток во 15.00 часот.