ФИФА објави список со 59 играчи

 

Масимо Луонго е кандидат за “Златната топка” за 2015 година
Луонго беше прогласен за најдобар фудбалер на Азискиот куп во јануари годинава, кога Австралија стана континентален првак, а тој постигна еден гол во финалето.

Австралискиот репрезентативец Масимо Луонго е еден од 59-те играчи што ќе конкурираат за наградата “Златна топка” за најдобар фудбалер на светот во 2015 година, во избор на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Луонго беше прогласен за најдобар фудбалер на Азискиот куп во јануари годинава, кога Австралија стана континентален првак, а тој постигна еден гол во финалето.
На листата има по седум фудбалери на актуелниот европски првак Барселона и на Реал Мадрид, и тоа Лионел Меси, Нејмар, Луис Суарез, Андрес Иниеста, Иван РакитиЌ, Хавиер МасЧерано, Клаудио Браво (сите од Барселона), Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Герет Бејл, Лука МодриЌ, Серхио Рамос, Тони Крос и Хамес Родригез (Реал Мадрид).
Европа предничи со 28 фудбалери меѓу предложените, а потоа следат Јужна Америка со 22, Африка со четири, Азија со три и Северна Америка со два.
ФИФА ќе ја објави скратената листа со 23 фудбалери во декември, а најдобриот светки фудбалер за 2015 година ќе биде прогласен 11 јануари.

Останати вести