На Филипините убиени 300 луѓе поврзани со дрога, реки крв по улиците

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте му вети на народот дека ќе се ослободи од криминалците и од трговијата на дрога, поради кои умираат сè повеќе луѓе. Меѓутоа, тој не мислеше „да ја преземе работата во свои раце”, туку им предложи на жителите тие да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат вредни парични награди.

Изминатиов месец на улиците на Филипините беа пронајдени најмалку 300 безживотни тела. Некои дилери биле убиени од полицајци, додека други биле усмртени од луѓе кои живеат во различни краишта на земјата.
Пред неколку месеци, Дутерте ги повика граѓаните што поседуваат оружје да пукаат во дилери на дрога кои се спротивставуваат на апсење, а за тоа ќе бидат добро наградени.
Претседателот на Филипините, во својот говор кој го пренесуваше националната телевизија, предупреди на многу застапената трговија со наркотици во таа земја, во која е вклучена и полицијата.
– Ако дилерот на дрога се спротивставува при апсењето или одбива да дојде во полициска станица и ги загрозува граѓаните со пиштол или нож, застрелајте го веднаш и ќе ви дадам медал – рече тој.
Дутерте побара тројца полициски генерали во престолнината на Филипини, Манила, да поднесат оставка поради вмешаност во злосторствата, но не прецизираше за какви злосторства точно станува збор.
Дутерте во текот на својата претседателска кампања вети дека најмалку 100.000 криминалци ќе бидат уапсени или убиени, а на филипинските улици во последно време може да се видат безживотни тела кои лежат во локви крв.
Убиените луѓе се дилери или полицајците се сомневале дека биле поврзани во илегална трговија со наркотици, па ги убиле.
Претседателот рече дека секој што ќе убие лице поврзано со дрога ќе биде богато награден. Ако станува збор за дилер, убиецот ќе добие 56.000 долари, главата на луѓето под дилерите ја процени на 28.000 долари, додека за малите трговци дава по 1.400 долари.
Многу службеници се побунија и рекоа дека оваа „крвава акција” мора да престане.

Останати вести