Филмови за судбината на нашите од Егејот

Минатиов петок, Darebin Arts and Entertainment Centre во Престон беше исполнет со околу 400 посетители кои дојдоа да ги видат документарните филмови „Македонец” на Петро Алексовски, „Луѓе без земја” по сценарио на Атанас Кировски и „Бегалци” на Антон Блајер и Џон Циглев.

Во нив беше обработена темата за граѓанската војна во Грција и тешката судбина на Македонците кои се најголемите жртви од судирот на фашизмот и комунизмот.
Изворно тие ја опишуваат судбината на македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија. Организатор на овој настан беше Австралиско македонскиот комитет за човекови права.

Останати вести