Минатиов викенд во Сиднеј во Civic Theatre во Hurstville се одржа 4-тиот Македонски филмски фестивал.
Организаторите на Фестивалот, уметничките директори, браќата Беби и Омер Зикировски, на Фестивалот обезбедија да се прикажат неколку краткометражни и долгометражни филмови од Македонија (познатите проекции „Година на Мајмунот” и „Три дена во Септември”) тука беа и остварувањата од локалните кинематографи од македонско потекло, Ник Најдов, Никола Поповски и Владо Јаневски.
На отворањето на Фестивалот исто така се отвори и фотографска изложба на Биљана Јуруковски под името „Tribal Muses”.



