Многу светски државни агенции имаат лошо реноме поради континуираното користење на застарена технологија како што е факсот, но една американска институција ги надминува сите граници.
Една од најважните институции во САД се уште користи, ни помалку ни повеќе, флопи дискети! До ова сознание дојде американската агенција Governmental Accountability Office која се занимава со контрола на работата на круцијални институции. За тие кои не знаат, флопи дискета е носач на податоци кои масовно беа користени пред неколку децении, а е составена од мал магнетен диск затворен во пластична кутија во форма на квадрат. Нејзината улога многу успешно ја преземаа други носачи на податоци како што е USB стикот.
Работата да биде уште полоша, пишува Машабл, флопи дискетите ги користи Министерството за одбрана. Конкретно, Министерството застарената технологија ја користи во системите за Стратешка автоматизирана команда која има оперативна улога за контролирање на нуклеарното оружје.
Дури и кога би сакале, модерните компјутерски системи не можат лесно да комуницираат со флопи дискети, што значи дека целиот систем за контрола на нуклеарното оружје се темели на застарен компјутерски систем.
Една добра вест е што Министерството за одбрана за следната година планира да го ажурира својот древен систем за Стратешката автоматизирана команда.