Еден фотограф од Австралија неодамна забележал една несекојдневна сцена. Фока сурфала на грбот на кит!
За време на набљудувањето на грбавите китови во близина на Иден во Нов Јужен Велс, Робин Малкон одлучил да ги фотографира овие прекрасни животни.
Сепак, тој не очекувал дека ќе забележи нешто сосема необично – фока се качила на грбот на еден кит, и сурфала, пишува BBC News.
Џеф Рос од Службата за заштита на национални паркови и дивина наведува дека, иако прилично ретко се случуваат, ваквите интеракции не се невозможни. „Нешто слично се случува кога фоката се обидува да побегне од китот убиец. Тие тогаш се качуваат на неговите перки”, објаснил Џеф.