ФОМКУД, ВИКТОРИЈА: Илинденски фестивал 2018 – Mелбурн

Игроорните друштва од Мелбурн минатава саботата го одржаа својот традиционален Илинденски фестивал во Bellagio Reception (поранешниот Golden Star), во Епинг.

Ова беше 32 по ред Илинденски фестивал кој се одржува уште од далечната 1988 година и на него настапуваат нашите млади и прекрасни амбассадори на културата што играат во Македонските културно уметнички друштва во Викторија.
Годинава настапија шест играорни друштва по следниот редослед: КУД Александар од Вереби, КУД Никола Карев, КУД Танец, КУД Илинден, КУД Светлост, КУД Бисер. Потоа присутните играорци и нивните најблиски заедно се веселеа со ора и песни до доцна во ноќта.

Останати вести