ФОМКУД, ВИКТОРИЈА: Илинденски фестивал 2017 – Мелбурн

Игроорните групи од Мелбурн во саботата во Херитиџ Рецепцијата во Епинг го одржаа својот традиционален Илинденски фестивал.

Илинденскиот фестивал се одржува уште од далечната 1988 година и на него настапуваат нашите млади и прекрасни амбассадори на културата што играат во Македонските културно уметнички друштва во Викторија.
Со ова манифестација ФОМКУД од Викторија воедно го прослави и јубилејот, 31-годишнина од основањето.
На Илинденскиот фестивал имаше голема посета, а настапија друштвата по следниов редослед: КУД ” Светлост”, АММД “Никола Карев”, КУД “Гоце Делчев”, КУД “Јане Сандански”, КУД “Танец”, КУД “Илинден”, КУД “Бисер”, КУД “Александар Македонски”.
Потоа присутните играорци и нивните најблиски заедно се веселеа со ора и песни до доцна во ноќта.

Останати вести