Фонд за поддршка на Mлади за Mакедонија

Oд 3 мај, започната е акција за собирање на средства во Австралија за помош во организирањето на протести во Македонија против загрижувачкиот тек на преговорит со Грција. Подолу е прогласот кој е на интернет страната за собирање финансии на www.gofundme.com/mladizamakedonija

Патриоти и пријатели на Македонија!
Денес Република Македонија се соочува сo опасност од губење на независноста, идентитетот и територијалниот интегритет.
„Млади за Македонија” е студентско движење кое се спротивставува на деструктивната политика на сегашната администрација, која работи против државните интереси на Република Македонија.
За да можат да се продолжат тековните протести во ова најкритично време, на “Млади за Македонијa” им e потребна финансиска поддршка од дијаспората. Затоа им се обраќаме на сите патриоти и пријатели на Македонија да помогнат за да го спасиме нашето име, нашиот идентитет, нашиот јазик и нашата култура.
Вашата донација ќе помогне во организирањето на два протести и ќе помогне во финансирањето на транспортот кој ќе се состои од околу 200+ автобуси истo така за маркетинг, рекламирање, плакати, бина, водители, администрација, храна, вода и лични потреби за организаторите на овие протести. Сега е време да ја покажиме нашата солидарност и единство, да ги претвориме нашите патриотски зборови во акција и да ја поддржиме нашата татковина.
„Млади за Македонија” не припаѓа ниту на една политичка група. Нивната цел е да поддржи и промовира силна и стабилна иднина за Република Македонија и човекови права на нашиот народ. „Млади за Македонија” се против промена на името!
Австралискиот македонски комитет за човекови права (АМКЧП) ќе ја координира дистрибуцијата на средствата собрани во име на „Млади за Македонија”. АМКЧП е невладина организација и овластена сопственик на сметка за оваа прибирање средства.

Останати вести