Франција – Австралија со 6:0 – Тежок пораз за освестување

Репрезентацијата на Австралија доживеа уште еден тежок пораз од 6 спрема 0, овојпат од Франција. Домаќините во Париз ја контролираа играта од почеток до крајот, очигледно добро подготвени за квалификациониот натпревар за светското првенство против Финска кој ќе го играат оваа недела.

Австралиската репрезентација не беше во состојба да парира на теренот на ниту една позиција и ќе има потреба сериозно да се разгледа концептот на игра и играчите кои се повикуваат да го носат националниот дрес. Поразот на оваа средба можеше да биде уште поубедлив кон крајот на натпреварот ако голманот Мич Лангерак не направи неколку навистина добри одбрани на голот.

Целта за квалификација на светското првенство во Бразил 2014 беше остварена со судни мака и на сила во последен момент против репрезентации кои се навистина слаби, со исклучок на Јапонија.

Моментално репрезентацијата изгледа летаргично и не функционира како тим, а со замената на тренерот Холгер Осиек се очекува новиот тренер да воведе друг стил на игра и нови млади играчи во екипата на сокерусите.

Останати вести