Познатиот лингвист и македонист од Универзитетот во Чикаго, Виктор Фридман, одржа научно предавање на универзитетот во Перт, на тема Македонскиот јазик во балкански контекст.
Во рамките на неговата прва посета на Западна Австралија, Фридман се запозна со кулурно историскиот развој на македонската заедница во Австралија и се сретна со високи претставници од македонската општина.
На универзитетското предавање професорот Фридман се осврна на историскиот развој на сите балкански јазици, вклучително и на посебноста на македонскиот јазик како и нивната денешна положба. Професорот Фридман исто така ги повика македонските иселеници да си го зачуваат својот македонски јазик во рамките на мултикулурна Австралија.
Во сабота, на 12 март, во Гранд Нерет рецепција во Мелбурн, Австралиско македонскиот комитет за човечки права ќе го одржи 32 годишниот бал на кој специјални гости ќе бидат професорите Виктор Фридман и Џим Хлавац.

