Фудбалерите на Австралија паднаа на листата на ФИФА за три места подолу, и сега се на 79 место.

Австралија ( со 391 поен) не победи на ниту еден меч на настапот на светското првенство во Бразил, и сега се наоѓаа зад островите Кејп Верд (74), Ангола (75), Македонија (76), Бенин (77) и Конго (78).

Помеѓу првите десет нации на листата има промена само кај Шпанија што отиде едно место подолу како и Бразил сега се на седмо и осмо.
Прв на листата е светскиот првак Германија, пред Аргентина (2), Холандија (3), Колумбија (4) и Белгија (5), Уругвај (6). Потоа следат Швајцарија (9) и Франција (10).
Од балканските земји највисоко е пласирана Хрватска на 16 место, а САД и Англија се 18 и 20 место.
За прв пат откако се води системот со бодување земјите од Јужна Америка се подобро рангирани отколку од Европа.
Мора да се подвлече дека нешто со ситемот не е во ред бидејќи земји што се немаат никогаш никаде квалификувано и ретко играат надвор од квалификационите средби се наоѓаат на листата пред оние што се појавуаат редовно на светските собири.

Останати вести