Фудбалската федерација го предупреди Мелбурн Виктори

Фудбалската Федерација на Австралија (ФФА), му даде предупредување на Мелбурн Виктори по недозволивото однесување на навивачите на овој клуб, во кое беа запалени факели на стадионот минатата сабота.

За среќа клубот овојпат ќе избегне поголема казна, бидејќи се идентификувани оние што правеле неред и нив во иднина ќе им биде забрането да доаѓаат на натпревари. Националната кампања во која нема да се дозволи неспортско однесување и можноста некој да се повреди е со едноставна порака до навивачите: “факелите не се дозволени – не биди нелојален кон својот клуб”.
Голем број од навивачите на Виктори беа незадоволни кога се запалија факелите и помогнаа да се идентификуваат прекршителите. Потоа беа и исфрлени од стадионот а започнат е и процес со кој ќе им се забрани влез на стадионот.
“Во иднина, ако се повтори ваков инцидент со факели од навивачи на Мелбурн Виктори, ФФА нема да има друга алтернатива освен да го казни клубот и да му одземе бодови”.
Мелбурн Виктори ја прифати одлуката и нема да се жали.

Останати вести