Г7 дозволи Австралија да го изнесе својот став

Се поголемата глобалната нестабилност, закани за безбедноста и се трговските бариери ќе го обележат состанокот на лидерите на земјите на групата Г7 каде прајминистерот Скот Морисон ја претстави Австралија како посебно повикан гостин.

„Сите овие работи имаат последици по нашите национални интереси” – рече прајминистерот во својата изјава по завршување на службената посета на Виетнам и пред патот за Франција кадевгостуваше на состанокот на државите членки на групата Г7.
„Овој форум е важна можност да се слушнат и да се претстават австралиските ставови поврзани за овие глобални предизвици”.
Ова е првпат Австралија да е поканета да учестува на состанокот на групата Г7 – економска група чии членки се САД, Јапонија, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Канада. Морисон учестуваше на две посебни седници, форуми, и ја искористи можноста да биде во иста просторија со лидерите на споменатите земји и други посебно поканети гости за да одржи неколку разговори. Особено ги искористи состаноците со европските лидери за да ја нагласи важноста на комерцијално осмислениот договор за слободна трговија меѓу Австралија и Европската унија.
Министерот за трговија Сајмон Бирмингам неодамна објави листа на 172 прехрамбрени артикли и 236 алкохолни пијалоци кои Европската унијата сака да ги заштити согласно со трговските договори, вклучувајќи ги фета сирењето, gruyer и горгонзолата, како и grappa и узотот. Прајминистерот Морисон исто така разговараше за планирањето на трговските договори по Брегзит со британскиот премиер Борис Џонсон. Исто така се сретна со Доналд Трамп во моментите кога се одвива трговска војна меѓу САД и Кина, која се повеќе ескалира, како и се поголемите напнатости во Персискиот залив.
Притоа нагласувајки колку трговската војна со Кина им штети на сојузниците на САД, како што е Австралија.
„Никој нема да добие ништо добро од овој конфликт кој се случува меѓу Кинезите и Американците” – рече министерот за финансии од сенка, Jim Chalmers.
Исто така Морисон одржа билатерални состаноци со франсуксиот претседател Емануел Макрон и индискиот премиер Narendr Modij на овој собир.

Останати вести