Богат репертоар на Гавазова и Кико

Продолжи турнејата низ Австралија со ѕвездите од Македонија: Сузана Гавазова, Христијан Божиновски –Кико, мајсторот Демо Шавлев и групата “Болеро” од Струмица.

Во Гранд Нерет рецепција во петокот и Рокдале Илинден во саботата имаше концерти на кои публиката уживаше во нивниот богат репертоар.
Стаситата струмичанка Гавазова после четири години пауза повторно се претстави пред публиката со новите песни. Може да се нагласи дека таа е една од најдобрите пеачки на Балканот, исто како и Кико Божиновски што е неспорен голем талент.
Заедно со Демо, легендата на дувачки интрументи, тие прават возбудливо луда забава на концертите.

Останати вести