Германец со македонско потекло ќе ги предводи Комитите во 2014

Минатата недела беше поставен новиот претседател Денис Лотер , 34, адвокат, кој беше четири години на чело на младинската школа на Рокдаел Илинден. Денис е роден во Сиднеј, оженет и со три деца,  мајката на Денис е Македонка додека неговиот татко по потекло е Германец. На последното собрание, што го имаше управата на Комитите, беше донесена едногласна одлука,  предводена од сега поранешниот претседател Пол Ѓорески, како и од другите фудбалски директори што го именуваа Денис Лотер за нов претседател за сезоната 2014.

 

Пол Ѓорески, кој до скоро го водеше клубот, изјави дека Денис во последните четири години одлично ги извршувал работите со младинската школа и поради тоа ја добил довербата на управата. Пол Ѓорески и понатаму ќе биде еден од фудбалските директори на Илинденци, заедно со главниот менаџер Златко Аџиоски, кој со потесната управа ќе се обидат да бидат повторно фудбалски силни  и финансиски стабилни. За заменик претседател е именуван Џим Јошевски, човек со големо искуство во клубот. Управата  останува компактна, само се сменети неколку места и позиции, рече Пол Ѓорески и најави  дека  и понатаму ќе  работат  сложно за доброто на  клубот.  Идејата е и во иднина да доаѓаат млади луѓе што имаат желба да направат нешто повеќе за стабилноста на клубот. Во последните  шест години Комитите секако се едни од најуспешните  фудбалски клубови на заедницата во Австралија.

За следната сезона останува и тренерот Бранко Чулина, кој оствари голем успех особено затоа што имаше поддршка од  управата.

С. Горгиевски

Останати вести