Трамп: Германија ги користи САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе наметне тарифи од 25% за увозот на челик и 10% за алуминиумот, откако ја избра Германија како пример за поука и истакна дека пријателски земји како Мексико, Канада, Австралија и други можат да бидат поштедени.

„Ќе бидеме многу чесни, ќе бидеме многу флексибилни”, изјави Трамп од Овалната соба во Белата куќа, откако ги посочи победниците и губитниците во тоа што сам го одреди пред неколку дена како „трговска војна”.
Претседателот рече дека Мексико и Канада можат да бидат исклучени од воведувањето на нови царински тарифи за увоз на челик и алуминиум, но само ако повторно преговорање во корист на САД на трипартитниот договор за слободна трговија НАФТА, оди добро.
„Ако стигнеме до договор, најверојатно нема да ги наметнеме даноците на овие две земји”, рече Трамп, додавајќи дека и Австралија ќе биде поштедена.
„Имаме многу блиски односи со Австралија, имаме трговски суфицит, одлична земја, долгорочен партнер, ќе направиме нешто со нив”, рече тој. „Ние ќе сториме нешто и за некои други земји”.
Во исто време, Трамп даде до знаење дека Германија – најголемата економија во Европската унија – ќе биде погодена од новите даноци.
Тој ги обвини властите во Берлин дека „ги користат” САД и не придонесуваат доволно за финансирање на НАТО.
„Ако погледнете во НАТО, каде што Германија плаќа еден процент, а ние плаќаме 4,2 отсто од многу поголем БДП – тоа не е фер”, рече Трамп. „Затоа ја гледаме трговијата и ја гледаме војската и, до одреден степен, одиме рака под рака”.

Останати вести