Март е месецот во кој македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат три средби во Мундијалските квалификации, две на гости и една дома.
Според предвидениот план, Македонија на 25 март во Плоешти треба да и гостува на Романија, три дена подоцна се среќава со Лихтенштајн во Скопје, потоа следува гостување кај Германија (првично е предвидено да се игра во Дуисбург, но се чини дека оваа средба ќе се игра во Букурешт на 31 март).
Германија има строг протокол, задолжителен карантин, тоа значи дека е невозможно да се игра во Дуисбург, резервна варијанта е Романија и најверојатно Букурешт.
Ова значи дека Македонија двете гостувања во март ќе ги игра во Романија, секако за ова УЕФА треба да даде потврда во следните неколку дена.
28 Oct 2026
26 Oct 2026