Ги нападна ајкула: Детето е критично, жената едвај преживеала

Уште еден од низата напади на ајкула во Австралија се случи на островот Whitsunday Islands на ден откога во истата област во идиличното летувалиште во Квинсленд е нападната и една жена.

Овој пат ајкулата нападна 12 годишно девојче од Викторија. Итната помош примила дојава за повредено дете во близна на плажата Whitehaven Beach во попладневните часови. Девојчето има страшна повреда на ногата и е во критична состојба. Наводно се бори за живот.
Овој напад следуваше за помалку од 24 часа откога 46 годишна туристка од Тасманија по некое чудо преживеа напад на ајкула исто така на осторовот Whitsunday Islands.
Justine Barwick од Тасманија уживала во пливањето, кога одеднаш ја нападна морско куче. За нејзина среќа во близина поминувала јахта, па патниците и помогнале на несреќната жена. Од водата ја извлекле со по живот опасни повреди на десната нога.
Нејзин пријател вели дека Justine со сопругот и пријатели таму веќе била две недели на летување.
До моментот кога е извлечена од вода веќе изгубила многу крв. За среќа еден од луѓето на јахтата бил доктор кој работи во итна помош. И го спасил животот со брза интервенција. И ја подврзал раната и го сопрел крварењето доволно долго до доаѓањето на хеликоптерот на итната служба.
„Да не беа луѓето од јахтата да и помогнат, жената сигурно немаше да преживее” – велат од итната хеликоптерска служба.

Останати вести