Долго време најавуваната турнеа на Ѓоко Јовиќ, Анета Арсовска и групата “Енерџи бенд” во Австралија е вистински хит.
Ѓоко Јовиќ и Анета Арсовска со групата “Енерџи бенд” ги полнат салите низ Австралија. Концертите во организација на “Република ентертејмент”, во многу места се распродадени.
А веќе и гласот на Ѓоко е познат по богатиот репертоар и неговата способност да пее народна, забавна и интернационална песна што очигледно им се допаѓа на тукашната публика. За време на Македонскиот Божик во Студио 3 во Краун казиното исполнетиот клуб до доцна вечерта се тресеше од хитовите што се пееја.
Душата ми е полна кога ќе видам толку многу мој народ на едно место, сплотен со иста желба, со носталгија за Македонија. Салите и ноќните клубови се преполни, а тоа многу ме радува. Македонците во Австралија се луѓе со топла и чиста душа, знаат да пречекаат и прифатат некој кој дошол поради нив. Ме радува кога гледам луѓе пред мене кои пеат во еден глас заедно со мене – вели Ѓоко.
Организатор на успешните концерти е “Република ентертејмент”, остануваат уште концертите во Волонгонг на 15 јануари, Канбера на 16 јануари, Мелбурн 22 јануари и Перт на 23 јануари.


