Македонците во Мелбурн, Сиднеј, Перт, Канбера, Волонгонг и Џилонг уште долго ќе ги паметат забавите кои им ги приреди популарниот Ѓоко Јовиќ и неговиот „Енерџи бенд” изминативе пет недели.
Преполните сали се доказ за успешната турнеја, која дефинитивно ќе биде забележана како една од најдобрите организирани за Македонците во Австралија.
Но, покрај многуборјните настапи, познатиот пејач најде време да сними и два видеоспота со неговите најнови песни. Станува збор за нумерите „Корени” и „1001 ноќ”, на кои како автори се потпишуват братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска.
– Спотовите ги изработи професионална екипа, која во Австралија има работено на многу големи и важни прокети. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на менаџерот Влатко Јовески и неговото семејство – изјави популарниот Јовиќ. Инаку, за разлика од претходните албуми, Ѓоко овојпат на својата публика ќе и подари поп-албум, за кој во брзо време се очекува промоција, како и промоција на двата видеоспота.