Ник Кирјос, кој има само 20 години, може да направи голема кариера во тенисот доколку ги тргне глупостите од неговото „дневно мени” кои често знае јавно да ги прави.
Кариерата на младиот австралиски играч оди во нагорна линија, и може да биде уште подобар, но ќе мора да го скроти неговиот бурен менталитет. Однесувањето, но и потенцијалот на Ник Кирјос ги прокоментира и Новак Ѓоковиќ.
„Воопшто нема сомнеж, Ник Кирјос има потенцијал да стане голем играч, веќе има победувано против најдобрите. Тој е млад, има одличен сервис и моќен стил. Со тоа има и самодоверба на теренот. Од една страна тоа е добро, затоа што има на што да се надоградува во иднина, но токму последниот негов пораз од Нишикори, е нешто од кое мора многу да научи доколку сака да стане тоа што може”.
„Тој беше поразен од Нишикори затоа што психата му беше раздрмана исто така и концентрацијата. Тој во клучните моменти немаше трпение да изгради добар поен. Нишикори е доволно искусен па знаеше тоа да го искористи. Ако научи да прифаќа совети од повозрасните, ќе му биде полесно”, смета Новак Ѓоковиќ.