Тениската сезона заврши со победата на Даниил Медведев во финалето на АТП во Лондон.
Сезоната беше скратена и невообичаена поради пандемијата на коронавирусите. Се играа три грен слема. Новак Ѓоковиќ го освои Австралија опен пред пандемијата, Рафаел Надал славеше на Ролан Гарос, а Доминик Тием на УС Опен со балон во Њујорк.
Новак го обезбеди првото место на крајот на 2020 година, а исто така профитираше и најмногу.
Србинот од турнирот годинава има освоено 6.5 милиони американски долари, додека Тием заработи 6 милиони а Надал е трет на оваа листа со 3.8 милиони.